Јакимовски со три прашања ги “пошљака” австрискиот амбасадор, Пендаровски и ВМРО-ДПМНЕ

t

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук ги коментира последните случувања на политичката сцена во Македонија.

Во продолжение објавата на Јакимовски на Фејсбук:

ТРИ РАБОТИ:

1. Австрискиот Амбасадор видно возбуден бидејќи нивната фирма не можела да наплати 4.5 милиони евра. Дали знаете Ваша Екселенцијо колку милиони евра нас ни наплаќаат со помош на судски инженеринг (од прв до последен) и тоа на божја правдина, а пред очите на целата македонска јавност?

Вас не ве жалиме затоа што сами си го баравте оти тоа е вашето реформирано судство (по ваш терк).

Додека имавме судство по теркот на Јосип Броз Тито имавме и правда.

2. Изненаден сум од изјавата на Претседателот Пендаровски кој не можел да се изначуди како самите си се блокираме на европскиот пат, демек ако не го промениме уставот и не ги внесеме “Ганчовците” сами себе ќе сме се блокирале.

Не е фер претседателе зошто Бугарите се изживуваат со нас, а вие наместо во одбрана на овој народ и држава уште ни товарите и вина.

3. Деновиве ВМРО ДПМНЕ упати многу прашања до СДСМ и ДУИ во врска со Мерко.

Еве и јас да дадам скромен придонес во многуте прашања: Нека каже ВМРО-ДПМНЕ колку членови на високото раководство, пратеници, градоначалници сегашни и бивши и директори имаат дипломи од Мерко?

Се надевам дека ова беше чесно прашање. – напиша Јакимовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…