Јакимовски: Старата општинска барака на Карпош стана привремена градинка за 150 дечиња
Старата општинска барака на Карпош стана привремена градинка за 150 дечиња, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
– Општинска барака – привремена градинка за нашите најмали!
Вчера го ставив последниот потпис во старата општинска барака и ја предадов како привремена градинка за 150 дечиња.
Седум занимални, седум спални, кујна, мали шољички и цицибани – сè што им е потребно на нашите најмали жители.
Новата градинка „Мајски цвет“ ќе биде готова за само 8 недели – а до тогаш, ова е нивниот привремен дом за игра, учење и радост.
Карпош секогаш се грижи – и за сегашноста, и за иднината на најмладите! – вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Старата општинска барака на Карпош стана…
Старата општинска барака на Карпош стана привремена…
Делови од Кисела Вода и Карпош денеска…
Регионалниот центар за управување со кризи по…
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…
Прегазена 60-годишна жена во Карпош, со тешки…
60-годишна жена е жртвата која беше прегазена…
Јакимовски до Борко Ристовски: Ако стопати повторите…
Министре, кажете ја вистината – Карпош ве…