Објавено на:

Јакимовски: Ѓукановиќ одигра клучна улога во државноста на Црна Гора, новиот претседател е западна инсталација

t

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски утрово ги коментираше резултатите од изборите во Црна Гора и поразот на сега веќе поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ.

-Очигледно дека овие 30 години колку и да си добар предизвикува фрустрации и огромна негативна енергија кон него, како човек кој што континуирано владееше со Црна Гора. Прашање е дали ќе замине од политиката. Мислам дека ова е дел од договорот во Охрид, во кој што за да се релаксираат односите на Косово, српската заедница во Црна Гора исто време сериозно врши притисок врз Ѓукановиќ. Мислам дека новиот претседател Јаков Милатовиќ е западна инсталација, рече Јакимовски во емисијата „Студио 10“.

Јакимовски истакна дека етничките заедници во Црна Гора сериозно го поддржаа Ѓукановиќ.

-Никој од Црна Гора не отиде во Хаг. Ја изведе Црна Гора да стане независна држава и ја внесе во НАТО. Мило Ѓукановиќ одиграл клучна улога за државноста на земјата, но мислам голема грешка направи со атакот на СПЦ како и маргинализација на српската заедница. Доколку тоа не беше, мислам дека уште ќе останеше на врвот, додаде Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…