Јакимовски: Јас имам црвени линии, другите очигледно немаат – Србија се втурна во Прва светска војна за да го задржи достоинството!

t

Знаете ли која е причината за Првата светска војна, поводот е Сараевскиот атентат а причината е одбиената една точка, од вкупно девет поставени услови од Австроунгарија до Србија, истакна лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

– Таа една точка е барање тимови од Австрија да дојдат во Белград и да ја истражуваат смртта на Франц Фердинант и неговата сопруга. Србија одбива, тогаш Австроунгарија била империја, знаете ли што значи империја?

Значи се работи за достоинство, дојде до војна, Србија истоштена од две балкански војни и на крај победи ама достоинството не го дава и дава илјадници, стотици ртви, потенцира Јакимовски.

– Ние не зборуваме што ќе пишува во Бугарија, туку кај нас. Јас имам црвени линии, очигледно тие што се шушкаат другите по политичката сцена немаат црвени линии, додаде Јакимовски одговарајќи на прашање дали во Бугарија Гоце Делчев ќе се учи и лави како бугарски народен херој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…