Јакимовски ја повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во Карпош
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска ја повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во Карпош. Како што информира на прес-конференција, долгот изнесува над 8 милиони денари.
-Лани ова време, општината издвои 6 милиони денари и исто вака покри трошоци за греење. За само една година, гледате колку помалку има платено Министерството за образование на училиштата за нивно функционирање. Јас се обратив до нив, а тие ми рекоа дека немаат денар пари – како знам да се снајдам…Мене не ми е јасно, како имаат пари за мајка Тереза 36 милиони евра, а немаат за да си ги платат основните трошоци? Навистина е чудно. Им порачувам на Владата и премиерот да го напуштат популизмот бидејќи се нафатиле да водат држава. Да се тргнат од голиот популизам во кој што ќе ги обезбедат големите 5% за покачување на плати, а тоа го обезбедија преку недозволување за вработување на ниту едно ново во делот на образованието. Со тие средства, ги покачуваат платите и се спремаат за локални избори, рече Јакимовски, додавајќи дека „локалната самоуправа не е должна да го прави ова“.
Грејната сезона стартува утре. Од ЕСМ која раководи со парното греење во главниот град, велат домаќинствата и деловните објекти да ги подготват внатрешните инсталации. За грејната сезона треба да се подготват и училиштата и градинките. Дел од градоначалниците се спремни, а Општина Карпош ќе стартува подоцна, бидејќи температурите не се доволно ниски.
За осумте училишта во Карпош, грејната сезона ќе почне подоцна за да се заштеди.
„На барање на Општина Карпош испораката на топлинска енергија нема да започне на 15-ти октомври, туку од 1-ви ноември за сите основни општински училишта на територија на општината што ги користат услугите на „ЕСМ Снабдување со топлина“, велат од ЕСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…