Јакимовски: Ја поддржувам Арсовска во врска со ревизијата на работата на јавните претпријатија

t

Овој град е заложник на тие јавни претпријатија Водовод ии канализација има 1500 вработени и ако треба ров да копаат земаат фирма, има ли логика овде? За што плаќаат граѓаните? – прашува Стевчо Јакимовски во деешното гостувањ во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Јакимовски додаде дека ја поддржува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во нејзините најави за ревизија на работата на јавните претпријатија во Скопје.

– Јас ја поддржувам градоначалничката дека треба да навлеземе и да направиме реформи, зошто комунална хигиена не ја поделиме по општините? Индивидуална хигиена да остане во претпријатието, колективната хигиена нека се даде на општините, предлага Јакимовски.

Во врска со ситуаијата во економијата Јакимовски вели дека владата треба сериозно да се преиспита и да ограничи одредени цени.

– Сиромашното населените се грее на дрва, 5000 денари е кубик дрва, не можеше ли Владата барем тие цени да ги ограничи, што толку драстично се зголеми тука? – прашува Јакимовски.

Во врска со нападите кон градоначалничката Арсовска Јакимовски вели дека не му е јасно зошто поранешниот директор на Водовод и канализација, Златко Перински е толку вреден за ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека членството треба да се запраша зошто Златко Перински е толку вреден за ВМРО-ДПМНЕ? Кога баравме кадар на ГРОМ да биде директор во тоа претпријатие Мицкоски реше дека Перински треба да биде директор, па после 6 месеци кога ќе има избори него ќе го земеле во Влада, а тогаш кадар на ГРОМ да биде директор. Излегува дека тој не знае ништо друго да работи освен да биде функционер, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…