Јанаки го „пецна“ Богојески: „Освои 159 гласови, за да основаш партија ти требаат 1.000 основачи – самите основачи не го гласаат“

t

Адвокатот Јанаки Митровски вчера го „пецна“ лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески за бројот на освоени гласови на последните локални избори кои се одржаа во неделата.

„Кога му понудив на Петар Богојески кладба во 100.000 денари ако Македонски Концепт освои 3.000 гласа на локални избори, тој јавно се исплаши. Те ситна пара било, те коцкар сум бил. И ми рече 300 гласа му биле доволно да ја финансира партијата. Е освои фантастични 159 гласови“, пишува Јанаки во својот Фејсбук статус.

Тој исто така во објавата вели дека по Закон за да основаш политичка партија требаат 1.000 основачи и дека Богојески самите основачи не го гласаат.

„П.С. Бунтур уште ја чекам тужбата за и во суд да бришам под со тебе“, додаде адвокатот Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанаки го „пецна“ Богојески: „Освои 159 гласови,…

Адвокатот Јанаки Митровски вчера го „пецна“ лидерот…

(Фото) Се за албански гласови во Куманово:…

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски…

Драма во училиштен двор во Кичево –…

Шок и вознемиреност во едно кичевско средно…

Мицкоски: Американско-британска компанија ќе инвестира до 150…

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…

Утре во 10:00 часот поради одржување на…