Јанаки со мега скандал: Незаконско постапување во Центарот за социјални работи во Скопје – ИМ ПОРАЧА ДЕКА НЕ СЕ ПЛАШИ
Пишува на социјалните мрежи адвокатот Јанаки Митровски:
Сакам да ја алармирам јавноста за незаконито постапување на Центарот за социјални работи Скопје. Имено се работи за недозволиво влијание врз предмет за наводно семејно насилство, од психолошки карактер( интенционално, бидејки физичко се докажува лесно) наспрема две маолетни деца и мајката кое НИКОГАШ не се случило.
Странката која ја застапувам, грижлив и посветен татко, не должи денар алиментација, посветен на децата, ги носи по одмории, викенди, никогаш не кренал рака на нив, максимално посветен татко за пример.
Поминаа низ тежок развод кој траеше три години( не го водев) и старателството го доби мајката. Веднаш после разводот започнуваат нејзините перфидни игри со константни пријавувања во полиција и за две минутно доцнење при враќање на дете, мкнење на постарата 14 годишна керка по психијатри со цел да избоксува насилство, а лекарите совесни и констатираат дека се е по кажување на мајката.
Во разводот психијатар одреден од судот изврши вештачење согласно кое тој како татко ја препознава и цени нејзината улога како мајка, не ја девалвира, разбира дека поминала низ многу, но мајката од друга страна гледа на секој начин да го оцрни, да го девалвира како татко, неговата заложба при лекување на помалата ќерка( не би навлегувал во детали поради сензитивност) како и констатира за децата дека се среќни кога се враќаат од кај таткото.
Мајката има поднесено 22(со зборови ДВАЕСЕТ И ДВЕ) приијави за наводно семејно насилство врз неа, секогаш психолошко, и сите 22 пријави се затворени од ЦСР без да се покренат мерки од проста причина што насилство НЕМА. Но сега имам сигурна информација дека екс висока функционерка врши притисок пошто пото да се поднесат предлог мерки до суд со цел да се ограничат неговите видувања на еден час неделно во ЦСР под надзор. Која мизерија!!!!
За наша среќа јас имам документацвија коај говори дека децата САМИТЕ во ЦСР бараат(однесени од мајката) да се продолжат видувањата со таткото на барем уште еден саат плус. Кое е тоа дете кое не му е убаво ќе каже дека сака повеќе да се видува со родител.
На 24.01.2023 година преку адвокатка добро позната по вакви заврзлами поднесува нова 23та пријава за наводно насилство врз децата. А нaсилствотo е тоа што сама произволно одлучува да не ја пrати постарата ќерка кај таткото затоа што имала проект од школо, и знаела дека ке и викал и затоа не ја пуштила и тоа било семејно насислтво и спречувал образование. Абе да не е трагично ќе се смеев.
Према помалата ќерка насилство било и го спречувал лекувањето со тоа што барал да биде вклучен во изборот на специјалиист на што има и законскио право но е и согласно со решението за видување така е одредено за образовни и здравствени прашања заеднички да одлучуваат.
Тука започнува незаконитото постапување на ЦСР Скопје. Документи кои одат во прилог на таткoто ги снемува мистериозно од предметот. На 15.02 имав состанок со тим од ЦСР и им посочив на неправилности и дека ќе покренам постапки за правна заштита. Следниот ден адвокатката на мајката пушта нова пријава сега за семејно насилство врз мајката. Цаката е што мораа да одлучат согласно закон до 24.02 или или- или има и покрени мерки или неам и затвори случај. Незаконски си носат решение со кое си го пролонгираат рокот за одлучување поради новата пријава а тоа се два различни предмети- едниот за децата другиот за мајката. И тука се гледа кристаллно јасно координираноста мегу ЦСР и адвокатката на мајката.
Насилството према мајката да ти било што и пишувал пораки. Ги читав лично, нема пцовки, нема закани, нема омаловажувања, СИТЕ пораки се однесуваат на интерес за децата.
Адвокат Димитриевска каква што за жал Господ ја дал мислеше дека ќе плаши врапци и во пријавата во последен пасос наведе дека ќе го извести и работодавецот на таткото за семејното насилство кое не постои користејки подземни методи.
И адвокат Димитриевска и сите инвоилвирани пред се овие од ЦСР мораат да знаат дека Јанаки Митровски не се плаши лесно како и мора да развберат дека таткото не е само банкомат туку има и права покрај што има и обвски.
Поради горното за сето ова поденсовме ние пријава до ЦСР за психолошко насилство верз него со константно влечење по институции, го известивме народниот правобраниотел и побаравме вонреден надзор од МТСП а им спремам и кривична до организиран криминал. Доста беше!
Мене овој човек не ми е ништо посебно нити имам особен финансиски бенефит, но ова не им е прв пат на ЦСР но ние како јавност треба да се потрудме да биде последно затоа што утре Вашето дете може да пробаат да го земат врз основа на “стручно методолошка работа” како детето имало иста експресија, гледала во ѕид о остали дрн дрн јариња.
ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛУВАЈТЕ!!!!!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…