Јандриоски: Италијанците избраа Десница и лидер кој дава надеж, ние ниту имаме десница, ниту лидер

t

Коалицијата составена од партијата на Џорџа Мелони – “Браќа на Италија”, партијата “Лига” на Матео Салвини и партијата “Напред Италија” на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места или на апсолутно мнозинство во парламентот со оглед на тоа што освоила меѓу 41 и 45 отсто од гласовите, покажуваат излезните резултати од вчерашните избори во Италија.

Тоа, според резултатите, би значело дека оваа коалиција е на пат да формира нова влада во Италија.

Изборот на Италијанците силно одекна во Европа, но и во Македонија, каде на социјалните мрежи се појавија видеа од говорите на идната премиерка.

Изборот на конзервативните вредности и оваа партија од страна на Италијанците го коментира и Кристиан Јандриоски:

– Италијанците излегоа да гласаат за десницата затоа што препознаа надеж во неа, препознаа чувар на нацијата, на државата, чувар на моралните вредности, на семејството и некој кој сеуште во своите настапи не се откажал од Бога.

Десница која не се плаши да им пркоси на бриселските одродени бирократи. Десница која има Лидер.

Лидер кој обедини.

Ние сме далеку од нив, многу далеку.

Нити имаме десница која делува независно и по волјата на народот, нит па имаме Лидер.

Кај нас све е сведено на полтрони и полтронство.

Во Италија победи десницата зашто народот во неа виде надеж.

Кај нас нема ни Н од надеж, напиша Јандриоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Стразбур ја казни Италија поради…

Европскиот суд за човекови права во Стразбур…

Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…

Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…

Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење…

Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење…

Пожар во хотел во Италија: 40 лица…

Голем пожар денеска избувна во хотелот Александар,…

Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…

Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…