Јандриоски: Се гледаме на 29ти, одам за сите оние кои за мене се достојни длабоко во моето срце – за децата наши се работи!
Фејсбук статус на Кристиан Јандриоски:
Не ми е лесен периодов, поминувам низ некои премрежја со оваа болест која ја носам со мене и која веќе подолго не ме остава на мира. Деноноќието ми е измешано и не е лесно. Сепак не сум сам, сопругата и децата не ме оставаат да сум сам и нон стоп се покрај мене.
Има денови кога се осеќам како Лав кој е спремен секоја болест пред себе да ја раскине, но има и денови кога се осеќам како свеќа која догорува.
Но тоа е живот, и од тоа нема бегање, ќе се бориме и ќе победиме, голем е Бог.
Сакам да ви кажам дека и покрај влошеното здравје, јас и моето семејство во Четврток на 29ти во 18 часот ќе сме пред Соборниот храм Свети Климент во Скопје, и ќе се придружиме на сите оние кои ќе дојдат да го искажеме нашиот револт кон се ова што и се наметнува на Македонија.
Важен момент е, не идам за да ги видам политичарите кои ќе дојдат да се сликаат и да собираат дневни поени, не идам ни за Дедо Стефан, кој не мрдна со прст за името а денес повикува на одзив и масовност. Тој човек за мене не е достоен, можеше повеќе да направи но се скри во глувчешка дупка и од време на време со некое соопштение ќе мудруваше по етеров. За таквии политичари беседари од опозицијата и за таквии свештеници со прст не мрдам. Извинете, можеби ве навредувам со ова некои од вас, но таков сум, пеколот низ кој поминува Македонија повеќе ме боли од почитувањето кон овие обични пиони.
Но, среќа има достојни свештеници, чив повик за мене е од огромно значење и свештеници кои бесконечно ги почитувам. Отец Коста од Ѓорче, Отец Оливер, презвитер Ивица Тодоров, се имиња чиви зборови и насоки за мене многу значат. Тоа се луѓе кои 24 часа се посветени на народот и са мене се првата причина овој повик да го сфатам сериозно.
Значи се гледаме на 29ти, во 18 часот пред Соборен Храм.
Идам за сите оние кои за мене се достојни длабоко во моето срце, а тоа се децата. Тие се иднината наша, иднината на оваа земја.
Верувајте, ова е многу важен момент и многу важна борба за да застанеме и ги заштититиме нашите деца и нивната иднина. Јас сакам децата да ни растат во здраво и нормално општество, не во секташки ограноци.
Луѓе се гледаме, за децата наши се работи!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…