Јандриоски: Со Јанчев, Анѓушев и Азески ли бе да седнам на маса? Со гејшите на Заев?

t

Сонував сон. Влегуем у кафана и на една маса седеа Јанчев, Анѓушев и Азески. На друга Стевчо, Данела и Мечка. И едните и другите ме викнаа да седнам на нивна маса, вели Кристиан Јандриоски во статус на Фејсбук, коментирајќи ги политичките превирања во државава.

– Не размислував многу, уствари ич. За неколку секунди седнав на масата со оние со кои години наназад делиме иста цел, и со оние кои не ми сменија идентитет, со оние кои се бореа против промена на име, оние кои излегуваа на секој протест и имаа став за се што и се случува на земјава. Не ќутеа како поткупени проститутки и беа гласни за неправдите кон Македонија.

Седнав со нив, малку се закаравме на висок тон за некои ситуации кои во последно време се случуваа, но поради интересот на државата, се договоривме тие недоразбирања да ги решаваме ад хок. Сепак, Македонија е во прашање, а не личното его.

После некое време, почнав да слушам низ кафаната муабет како сум седнал со ликови како нив, и почнаа навредите и осудите за мојата постапка и моето одбирање на друштво.

Малку ме погоди, не велам не, ама пак…….

-Со Јанчев, Анѓушев и Азески ли бе да седнам на маса? Со гејшите на Заев?

Дали сте бе нормални?

Дечки, 50 години имам, и никогаш нема да дозволам една егоистична, самобендисана и конфликтна личност да ми ја јава интелегенцијата.

Еднаш Роналд Реган рекол:

– Политиката е втор најстар занат на светот, кој има огромни сличности со првиот најстар занат на светот.

Колку само во право бил човекот. 😏

И така, содржаен сон, не толку убав ама содржаен.

Затоа и се успав и не успеав да отидам на време на лекар 😏

Вечна, напиша Јандрисоки.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера имаше средба со Анѓушев и Азески како претставници на стопанството каде разговарале за економската и енергетската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ