Јандриоски: Тој глас вчера ми ја наполни душата, и ме направи уште погорд Македонец!
,,Вчера тоа беше гласот на народот.
Глас кој политичарите го угнетуваат, газат, препакуваат и злоупотребуваат за нивни потреби.
Никогаш не заборавајте, дека најголем душман на слободната мисла на Македонскиот народ се политичарите во државава.
Политичарите се тие кои одлучуваат за промена на име, бришење на идентитет, склучување на штетни договори со кои се предава и продава историјата, рушење економија, исфрлање на квалитетен кадар од државава поради штитење и туркање на партиски поттрчковци, и слични деструктивни дејанија за државата и народот во неа.
📌 Да….тој грмеж на народот беше полн со омраза, нетрпеливост и непокор❗
Нешто што ни еден политичар од власта и опозицијата не може да го каже во име на народот поради нивни партиски интереси и поради коленичење кон странците за исклучиво свои интереси.
Тоа вчера беше гласот на народот, на најгордиот народ на светот, кој во 21век се соочува со бришење и идентитетска тортура од страна на душманите и домашните предавници.
Тој глас вчера ми ја наполни душата, и ме направи уште погорд Македонец.
Да живее гласот на народот❗
Вечна👌” , пишува Јандриоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака…
Државата и институциите на системот целосно затаиле…
Филипче ги повика партиите на создавање на…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конфереција…
Пет земји во кои е забрането да…
Иако Божиќ во многу делови од светот…
Минатата недела пријавени 139 заболени од грип,…
Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ)…
Затвореник од затвор се јавувал кај угостител…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија…