Јаневска: Ќе ја испочитувам секоја одлука на премиерот, негово е правото да одлучува

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи.

На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи.

Како што рече, премиерот го носи најголемиот товар за промените во државава и има право да одлучува за министрите.

-На ова прашање веќе неколку пати сум одговарала и ќе повторам. Земјава има премиер кој го носи на својот грб најголемиот товар за позитивните промени кои се случуваат и допрва треба да се случат во Македонија. Оттука, полно негово право е, заедно со органите на партијата, да одлучува кого ќе предложи како влада или кого ќе предложи како министер пред Парламентот. Секоја негова одлука апсолутно ќе ја испочитувам, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Ќе ја испочитувам секоја одлука на…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Кривична пријава за поранешна директорка на училиште…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57)…

(Видео) Поддржувачи на Вучиќ го гаѓале новинарот…

Немања Шаровиќ, новинар познат по исмејувањето на…

Фокусирани сме на партискиот конгрес, а за…

Сега сме фокусирани на партискиот конгрес што…

Полска и Романија воведуваат нов систем на…

Полска и Романија воведуваат нов систем на…