ЈАНУАРИ 2024 БИЛ НАЈТОПЛИОТ ВО ИСТОРИЈАТА: Трендот со рекордни температури продолжува и годинава
Јануари 2024 година е најтоплиот во историјата на набљудувањата на времето и климата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО).
„Трендот на уривање рекорди што беше забележан во поголемиот дел од 2023 година продолжи и во 2024 година – јануари беше најтоплиот јануари досега“ – соопшти СМО.
Според Светската метереолоѓка организација, тоа е осми месец по ред кој е најтопол досега.
„Температурите на површината на морето се на рекордно високо ниво, десет месеци по ред“ соопшти СМО.
Просечната месечна температура на воздухот била за 1,66 степени повисока од јануарски просек во периодот од 1850-1900 година, додека во периодот од 1991-2020 година била 0,70 степени над просекот за јануари.
Според податоците на Службата за климатски промени Коперникус, во споредба со температурата од претходниот најтопол јануари 2020 година, просечната месечна температура годинава била повисока за 0,12 степени.
Организацијата ги наведе податоците добиени од американската Национална администрација за океани и атмосфера НОАА (NOAA), НАСА, службата за климатски промени Коперникус на Европската унија и Јапонската метеоролошка агенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…