Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу со македонски песни на „Интерфест-Битола”

t

Вљубеникот во Македонија и промотор на македонската култура, јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, го најави своето учество на годинашниот 32. Меѓународен фестивал на класична музика „Интерфест-Битола“ на 11 октомври.

„Едвај чекам да се сретнам со многу македонски пријатели. Дали програмата содржи македонски песни? Секако!!“, потврди претседателот на Токиската опера, кој интерпретира на оперски начин десетици македонски народни, патриотски, љубовни песни и ги пласира на својот канал на Јутјуб. ️

Тој претходно испеа неколку македонски песни меѓу кои и “Едно име имаме” и “Кога падна на Пирина”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ