Ја освои Премиерлигата, a сега работи на – градилиште!
Дани Дринквотер беше дел од тимот на Лестер кој направи сензација во Премиерлигата, потоа направи мега трансфер во Челси, а сега е работник во градежна компанија.
По сезоната со Лестер заработи и повик од селекцијата на Англија, во Челси направи трансфер вреден 38 милиони евра, но кариерата му се распадна, а тој заврши во неочекуван правец.
Дринквотер рано ја заврши кариерата, на 33 години престана да игра. Потоа имаше проблеми во приватниот живот. Почна често да излегува во ноќни клубови, а не пиел само вода како што е преводот од неговото презиме.
Со својот Ренџ Ровер возел пијан и удрил во ѕид. Со него имало уште двајца патници кои минале со ситни повреди. Дринквотер бил прогласен за виновен и му ја одземале возачката дозвола на 20 месеци.
Две години по крајот на кариерата, Дринквотер ги изненади своите следбеници на инстаграм откако се фотографираше на градилиште.
Неговата фотографија предизвика лавина од коментари, голем дел од тие беа негативни. Еден му напишал дека го допред дното. А Дринквотер му одговори дека градилиштето е негов избор и му се допаѓа тоа што го работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена прилепчанка барана со потерница за казна…
На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп,…
Остри реакции од Србија и ЕУ откако…
Косовската полиција во понеделник затвори девет објекти…
Камала Харис официјално претседателски кандидат на Демократската…
Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана…
Иран и Пакистан организираат состанок на муслиманските…
Иран и Пакистан свикаа итен состанок на…
Семејството од изгорениот автомобил кај Гевгелија се…
Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија…