Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград
Ранет полицаец, убиен напаѓач во инцидент што се случи денеска пред амбасадата на Израел во Белград. Полицаецот бил погоден со самострел во вратот, но успеал да одговори со службениот пиштол и со неколку куршуми смртно да го застрела напаѓачот. И српски и израелски официјални лица го оквалификуваа инцидентот како напад мотивиран од тероризам.
За министерот за внатрешни работи на Србија, кој го посети повредениот полицаец во болница, нема дилеми дека станува збор за терористички акт.
Повредениот полицаец е на возраст од 34 години и по операцијата, според болнички извори, се наоѓа во стабилна состојба. Дачиќ пред медиумите го објасни инцидентот според исказите на полицаецот кој бил свесен во моментите на транспорт во Ургентниот центар во Белград.
Српските медиуми, повикувајќи се на Дачиќ, објавија дека напаѓачот е извесен Милош од Младеновац кој ја променил верата, станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар. Српската полиција го истражува случајот и можна поврзаност на напаѓачот со вахабистичко движење и во текот на денот изврши претреси на неколку локации. Случајот е рацете на српското Јавно обвинителство за организиран криминал кое поведе предистражна постапка за утврдување на сите елементи на кривичното дело.
И израелското министерство за надворешни работи објави дека во околината на израелската амбасада во Белград денеска се случил терористички напад. Портпаролот рече дека амбасадата не е затворена и оти ниту еден вработен не е повреден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…