Ја туркаат во војна па ја оставаат сама: Британските војници ја напуштаат Украина
Британски воени инструктори ќе ја напуштат Украина овој викенд, на 12 и 13 февруари, изјави заменик министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи. Ројтерс јавува дека Пентагон привремено повлекува голем број американски воени инструктори од Украина.
„Во Украина имаше британски војници кои ја обучуваа украинската армија. Обучивме десетици илјади украински војници, во последните недели испорачавме противтенковски одбранбени системи, додека некои инструктори беа испратени да им помогнат на украинските војници со вооружени системи. „Но, британската армија нема да биде во Украина во случај на конфликт со Русија“, изјави Хипи за Sky News.
Според Ројтерс, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин наредил „привремено да бидат дислоцирани 160 војници на Националната гарда на Флорида кои се распоредени во Украина од крајот на ноември“.
Во рамките на мисијата за обука „Орбитал“ на британското Министерство за одбрана во Украина, која беше лансирана во 2015 година, беа обучени околу 22.000 украински војници, а во јануари Британија испрати дополнителни воени инструктори и 2.000 проектили во Украина.
Во Украина моментално има околу 100 британски воени инструктори. Во исто време, властите од Лондон повеќепати изјавија дека немаат намера таму да испраќаат британски воени единици во случај ситуацијата да ескалира.
Да потсетиме, министрите за одбрана на Велика Британија и Русија, Бен Валас и Сергеј Шојгу се сретнаа во Москва на 11 февруари. Тоа беше прва средба на министрите за одбрана на двете земји во последните 20 години
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…