Јеховини сведоци во Русија осудени на по седум години затвор
Рускиот суд осуди четворица Јеховини сведоци на седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за координирање на екстремистички активности, изјави портпаролот на религиозната група.
Рускиот Врховен суд ги прогласи Јеховините сведоци за „екстремисти“ уште во 2017 година, забранувајќи ја групата и ликвидирајќи ги нејзините речиси 400 филијали низ целата земја.
Европскиот суд за човекови права во 2022 година пресуди дека забраната е незаконска, пренесува Ројтерс.
Оттогаш, во Русија редовно се случуваат рации, испрашувања и апсења на следбеници, кои броеле околу 175.000 активни верници во времето на забраната, според руската веб-страница на групата.
„Русија продолжува бесрамно да го користи своето законодавство против екстремизмот за да ги забранува, затвора и повремено да ги тепа и измачува Јеховините сведоци“, изјави портпаролот Џарод Лопез за Ројтерс преку е-пошта.
Околу 790 членови на групата се кривично обвинети или се под истрага поради нивната вера, а 147 беа осудени минатата година, рече Лопес.
„Правниот систем на Русија стана катедрала на екстремизмот“, рече тој.
Во верскиот живот во Русија доминира Православната црква, која е поддржана од претседателот Владимир Путин. Некои православни власти ги сметаат Јеховините сведоци за „тоталитаристичка секта“, наведува британската агенција.
Шестмесечното судење на четворица мажи во Самара, град во југозападна Русија, заврши со виновни пресуди од седум години затвор за секој обвинет.
Мажите, Арам Даниелјан, Денис Кузјанин, Сергеј Полосенко и Николај Василиев, беа обвинети врз основа на скриени снимки од богослужби и лични разговори за нивната вера, како и електронски докази за кои Лопез рече дека биле вметнати во компјутерот на обвинетиот од „технички специјалист за ФСБ. “ при претресот, јавува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…