Јоаким Лев се враќа во фудбалот
Поранешниот германски селектор Јоаким Лев изјави оти се чувствува подготвен за нов ангажман во фудбалот.
Лев беше 17 години дел од стручниот штаб на германската репрезентација, првите две како помошник на Јирген Клинсман, а од 2006 до 2014 како селектор.
Во неговиот мандат Германија ја освои титулата светски првак на Мундијалот 2014 во Бразил, а беа поразени во финалето на ЕУРО 2008 од Шпанија.
Лев се повлече од должноста по ЕУРО 2021, а неговото место го наследи Ханси Флик.
-Веќе имав намера повторно да прифатам работа во фудбалот. Премногу е забавно да се биде во тој спорт. Повторно сум мотивиран кога гледам фудбал, што не беше случај во месеците пред тоа, изјави Лев во интервју за германскиот весник „Кикер“.
Лев најави дека неговото враќање во фудбалот ќе се случи по Мундијалот во Катар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…