Јовановиќ пpeдвидува pacпад на СДCM: На следните избори со партијата ќе избpишат патос
незадоволните членови во СДСМ се спремни за фракционерство или формирање на нова политичка партија? Со овие прашања многу се шпекулира во политичките кулоари, по изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател на партијата, иако во реалноста малку што се случува.
Кандидати за фракционери во СДСМ има повеќе, но засега јавно беше спомнато единствено името на Петар Атанасов, поранешниот функционер на партијата, а едно време и заменик министер за образование во владата на Зоран Заев. Обвинувањето кон Атанасов јавно го искажа аналитичарот Ненад Јовановиќ со објава на социјалните мрежи.
– Да ви кажам што е во игра. Да не ве бунат аналитичари, професори, доктори на науки и останата котерија на “угледни” и “информирани”. На сцена ќе одвива расцепување и раслојување на СДСМ. Има најави за нова партија на разочарани од СДСМ. Петар Атанасов се курдисуе (по “скопски”) да откинуе членство (уште еднаш по “скопски”). Што значи тоа? Се брише простор за ВМРО и Мицињата. Целта е на следни избори со СДСМ да се пребрише патос. Изборен. Зборуваше мојата маленкост две години наназад, ама изгледа не бев доволно “етаблиран” за да бидам разбран – напиша Јовановиќ на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Ако помине помине, Владата повторно под…
Неверојатно е на што е спремна Владата…
СДСМ: Неквалификувани ревизори и насилници поставени од…
Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…