Јовановски: ЕУ не ја сака Македонија во своите редови

Еден од коосновачите на мото-клубот „Ноќни волци“, Ленин Јовановски смета дека е невозможно ЕУ да бара од нас да се договориме за нешто што не можеме да се договориме во спорот со Бугарија.
-Не можеме да се договараме со некој што не е во право. Отсекогаш сум против договорите со Бугарија. Односот на бугарските политичари кон нас е навредлив и вулгарен. Се користат фашистички изјави, омраза и тоа треба да се осуди.
Да бев на местото на Борел, ќе им кажев на бугарските власти и ќе им вратев со тегнење за уши и ќе им кажев дека ќе ве исклучиме од ЕУ доколку вашите постапки не се променат. Тие не личат на земја што е дел од ЕУ. Моето мислење е дека ЕУ не ја сака Македонија во своите редови. Верувајте оваа состојба што се кажува сега со украинската криза се шарени лаги и политики кои не доликуваат, кажа Јовановски во емисијата „Само вистина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…
По повод трагичниот пожар во дискотеката во…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…
Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…
Фон дер Лајен: ЕУ треба да се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…