Јокиќ го откри најтешкиот пораз во кариерата

t

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на прес-конференцијата пред ол-стар натпреварот зборуваше на разни теми, а една од нив беше неговиот најтежок пораз во кариерата.

Јокиќ призна дека поразот од САД на Олимписките игри со Србија (95-91) за него е најтешкиот во кариерата.

„Секогаш велам, тоа е најтешкиот пораз во мојата кариера. Натпреварот беше интересен, чувствував како публиката навива за нас бидејќи сме мала земја. Не сум сигурен дали сакаа САД да изгуби или ние да победиме“, изјави Јокиќ на прес-конференцијата во Сан Франциско.

Го прокоментира Јокиќ и трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс.

„Мислам дека Лука е генерациски талент. Не велам дека Ентони Дејвис тоа не е, но Лука е нешто шт не сме го виделе претходно. Кошаркар, кој влијае на играта во многу делови. Тој градеше нешто во Далас и мислам дека беше повреден. Ако трејдувате некого така, тогаш тоа станува голема работа и играчите тоа го сфаќаат лично“, изјави Јокиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…