Јокиќ последната кока-кола ја испил во 2015 година, а без неа во себе стана – ѕвер!
Никола Јокиќ денеска е во центарот на вниманието на сите светски медиуми, откако со Денвер нагетс дојде до титулата во НБА за која беше најзаслужен и избран за МВП на финалната серија, па за него може да се прочитаат разни приказни, пред се за патот од момче со вишок килограми до најголема ѕвезда во најсилната лига во светот.
Самиот кошаркар вели дека кога во 2015 година дошол во НБА не може да издржи ниту 10-отсто од тренинзите, пред се поради опсесијата со благи работи и со кока-кола, поради што никогаш не бил во идеална кондиција додека играл во Европа. Но, набрзо по потпишувањето со Денвер, Србинот со помош на кондицискиот тренер Фелипе Анјенберг почна да работи на трансформација на телото. Наместо газирани пијалоци, почнал да пие протеини, што бил прв чекор кон новиот Јокиќ.
„Мислам дека е се во главата. Треба да сфатите дека кока-колата не е посилна од вас“, изјави неодамна српскиот кошаркар.
Неодамна, тој самиот призна дека последната чаша кока-кола ја испил во авионот на пат кон САД, по што повеќе за него престанал да постои овој пијалок, кој според нутриционистите е еден од најнездравите, особено за професионалните спортисти. Тоа прво му донесе место на олстар-викендот во 2019 година, потоа до два МВП-трофеи по ред за регуларниот дел од сезоната, а деновиве и до најважното – до титулата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…