Јокиќ ја одигра најдобрата последна минута во кариерата – беше чудесен
Денвер Нагетс над Филаделфија севентисиксерс (137-134), иако не успеа да забележи нов трипл-дабл учинок.
Српскиот центар натпреварот го заврши со 28 поени (11/16 од игра, 2/3 за три, 4/5 од слободни фрлања), девет скокови и 13 асистенции, но и шест загубени топки и две украдени. Јокиќ го започна мечот силно со девет поени во првата четвртина, но потоа забави, а дефанзивецот Герсон Јабуселе му создаваше проблеми. Сепак, во последните четири минути блесна со 14 поени и практично сам ја обезбеди победата за Денвер, а за одбележување е и фактот што постигна дури осум поени во последните 60 секунди, што е негова најдобра последна минута во досегашната НБА кариера.
Филаделфија, која настапи без Џоел Ембид и Пол Џорџ, даде силен отпор и во одредени моменти имаше благ резултатски превез, но не успеа да го спречи гостинскиот тим да ја прекине серијата од три порази и да стигне до 29. победа оваа сезона. Покрај Јокиќ, најдобар кај Нагетс беше Џамал Мареј со 31 поен, додека Мајкл Портер постигна 24, а Џулијан Стротер 18 поени. Во редовите на Филаделфија, најдобар стрелец беше Тајрис Мекси со 42 поени, додека Јабуселе запиша 28, а Кели Убре 27 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – ЛА Клиперс 104-112
/Мициќ 20 – Пауел 27/
Детроит – Далас 117-102
/Канингем 40 – Ирвинг 28/
Филаделфија – Денвер 134-137
/Мекси 42 – Мареј 31/
Торонто – Чикаго 106-122
/Барнс 20 – Вајт 25/
Њу Орлеанс – Бостон 116-118
/Марфи 40 – Браун 28/
Сан Антонио – Милвоки 144-118
/Вембањама 30 – Адетокумбо 35/
Голден Стејт – Феникс 105-130
/Муди 17 – Букер 31/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…