Јокиќ 21 минута беше без поен, па се разбуди и дојде до нов трипл-дабл
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ оствари уште еден трипл-дабл, сега во победата на Денвер против Њу Орлеанс по продолженија со резултат 132:129.
Она што е посебно интересно е што Јокиќ во првите 21 минута од натпреварот не постигна ниту еден поен.
Првите поени ги постигна од линијата за слободни фрлања кога намали на 47-59, а до крајот потоа уфрли 26 поени и додаде уште 14 скока и 10 асистенци. За Србинот ова беше десетти трипл-дабл во сезоната.
Кога е натпреварот во прашање Денвер губеше и со 93-81, но откако Јокиќ се разбуди и тие успеаа да се вратат, па и да поведат со 109-107. Сепак, на крајот дуелот се решаваше ов продолжение каде што Нагетси беа подобриот тим.
За издвојување исто така е настапот на Џамал Мареј кој постигна 26 поени и постигна кош на 8.8 секунди пред крајот за да донесе продолжение за својот тим. Вестбрук додаде 21.
На останатите две средби Хјустон славеше над Торонто со 114-110, додека Индијана на гости го совлада Сакраменто со 95-122.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…