Јонче Христовски ќе добие споменик во Битола
Јонче Христовски, автор и изведувач на некои од најпознатите македонски народни песни, ќе добие споменик во Битола. Споменикот се гради на влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор.
Изградбата на споменикот се врши со посебно решение за поставување спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола и Стопанска банка АД Битола, која е и донатор на иницијативата.
Јонче Христовски (1931–2000) остави трага во македонската музика како пејач, текстописец и композитор.
Тој е автор на хитовите „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“ и многу други песни.