Објавено на:

Јордан: Израел го турка Блискиот Исток на работ на регионална војна

t

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска изјави дека Израел го турка целиот Блиски Исток на работ на регионален конфликт одржувајќи опасна ескалација на неколку фронтови.

Тој ова го изјави по состанокот на Контакт групата на министри на исламските и арапските земји во Аман, кој беше посветен на постигнување прекин на огнот во Газа, пренесува Ројтерс.

Според него, мирот нема да завладее без решение во кое би биле вклучени две држави.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах вчера експлодираа истовремено во јужен Либан, а Хезболах денеска објави дека бројот на загинати во експлозијата на пејџерите се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите.

Неименувани либански извори тврдат дека израелската разузнавачка служба Мосад поставила мала количина експлозив во 5.000 пејџери од тајванско производство, нарачани од либанската група Хезболах неколку месеци пред вчерашните експлозии, пренесе британската агенција.

Хезболах истрела ракети и беспилотни летала кон северен Израел по избувнувањето на конфликтот во Газа по нападот врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври минатата година.

Хезболах најави дека ќе ги запре нападите доколку се постигне примирје во Газа, но повеќемесечните преговори со посредство на САД, Катар и Египет се во застој, пренесува Танјуг.

Израел одговара на нападите на Хезболах со воздушни напади врз позициите на Хезболах во Либан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јордан: Израел го турка Блискиот Исток на…

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади…

Скопјанец на социјална мрежа споделил фотографии од…

На 17.07.2024 во Полициската станица Драчево бил…

(Видео) Тоа е легенда! Пандев со Интер…

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев заедно со…

Девет совети за успешен и среќен брак

Да се ​​задржи бракот среќен, силен и…

Ибрахимовиќ избркал тренер на Милан зашто син…

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ е во…