Јотова: Сакаме гаранции за македонските Бугари и почитување на историјата
Политичкото проширување на Европската Унија, вклучително и европската перспектива на Република Македонија и нејзините односи со Бугарија се во основата на бугарската и европската надворешна политика, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова.
Јотова во обраќањето во бугарското училиште за политика „Димитар Паница“ порача дека секој којшто сака да биде дел од европското семејство треба да сфати дека тоа не е банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.
„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“, изјави таа.
Според Јотова, успех на бугарската надворешна политика е опстојувањето на бугарската позиција за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија.
„Тоа е пример како успеваме кога работиме заедно сите институции и политички партии“, додаде таа.
Бугарската потпретседателка уште вели дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан засега и друго основно прашање – Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Тој јазол, како што порача, може да биде одврзан само при јасна перспектива за тие држави, а сигналот треба да дојде од ЕУ, зашто во спротивно тие земји секогаш ќе останат конфликтни точки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…