Јотова се надева дека “Македонија ќе ги исполни условите” за вистински почеток на преговори со ЕУ
„Мора да се искористат сите напори на сите власти во Бугарија за нашата земја да влезе во Шенген, вели бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БНТ.
– Повикот на Фон дер Лајен дека е време Бугарија и Романија да влезат во Шенген е стар 13 години. Бугарија ги исполни сите технички критериуми уште во 2011 година, од тогаш до сега секогаш се наоѓала нова состојба.Проширувањето во пар не е најдобар начин“, коментира Илијана Јотова.
Таа изрази надеж дека Република Македонија ќе ги исполни условите за почеток на вистински преговори за членство во Европската Унија.
„Извештајот од мониторингот и за Бугарија и за Романија одамна не функционира, стана излишен и обвиен, служеше за внатрешно-политички препукувања, неговото елиминирање беше однапред определено. Многу влади работеа на елиминирање на овој мониторинг“, додаде Илијана Јотова.
За измените во Уставот, таа рече дека тоа е навредливо бидејќи „некои од политичарите на нив гледаат како на потрошувачка кошничка“.
„Барањето за сериозни реформи во судството досега не е исполнето“, рече и Илијана Јотова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…