Јотова ќе го извести комесарот за човекови права во Советот на Европа за нападот во Охрид

t

„Ќе го известиме комесарот за човекови права во Советот на Европа, бидејќи последните извештаи што се појавија од таму беа прилично неласкави за земјата. Луѓето со бугарска самосвест се подложени на многу тешки тестови и дискриминација. Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на јазикот на омразата и навремено ќе бидат известени сите европски институции“, рече потпретседателката Илијана Јотова за БНТ во врска со нападот на секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети” од Охрид.

Според Илијана Јотова, Бугарија мора да одговори со сите средства и во однос на нашите европски партнери и билатерално.

„Да беше до Кирил Петков уште во јануари без никакви услови од бугарска страна, ќе го укинаше ветото, но фала Богу не му беше дозволено“, потенцира Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…