Јотова ќе испрати писмо до Советот на Европа за случајот со “Мал Битолски Монмартр”

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека подготвува писмо што ќе го испрати до Советот на Европа во врска со случајот со децата од Република Македонија кои ја посетија Бугарија и се беа примени од бугарски политичари. За писмото Јотова говореше во гостување во емисијата „На фокус“ на бугарската Нова телевизија. Во писмото, како што вели, ќе посочи колку работи се прекршени од општата Повелба за човекови права и за правата на децата и како се злоупотребуваат децата за сомнителни политички цели.
– Овие деца не дојдоа да се сретнат само со бугарските институции, тие дојдоа заедно со бугарските деца да се сликаат за мир, за разбирање, за добрососедство – што треба да биде основата на нашите односи, кажа Јотова.
Од ОЈО Битола потврдија дека ја добиле кривичната пријава од МВР за злоупотреба на деца од Битолскиот монмарт кои, без да знааат нивните родители, биле носени на средби со бугарски политичари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…