ЈО бара куќен притвор за насилникот кој нападна снимател!

t

Јавен обвинител од скопското обвинителство бара од судија на претходна постапка да му се определи куќен притвор на насилникот кој вчера нападна снимател од Телевизија 24 и ја вреѓаше цела новинарска екипа која отиде да ја снима куќата што била пријавена како место за престој на Украинецот Олександр Онишченко кој доби македонско државјанство.

Притвор се бара поради опасност од бегство, но и повторување на делото.

Човекот кој го нападна снимателот е на возраст од 67 години и се товари на насилство.

-Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница, соопшти Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…

Ослободени снимателот и монтажерот на ПоралиХ, Фуркан…

Полицијата пред неколку минути ги ослободи снимателот…

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…