ЈП „Дрисла“ со апел до МВР да ги пронајдат потпалувачите: се сомневаме дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми

t

Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување, велат од ЈП Дрисла Скопје.

„Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи“.

Апелираат до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои, како што велат, се сомневаат дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми.

„Депонија Дрисла без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се вели во соопштението на ЈП депонија Дрисла Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈП „Дрисла“ со апел до МВР да…

Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која…

Песков: Русија никогаш не била закана за…

Русија никогаш не била закана за која…

Трамп: Мора да се справиме со радикалните…

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред…

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…