ЈП “Комунална хигиена” домаќин на делегација од Република Србија: Презентирани резултати од проект за прекугранична соработка
Денес 21.10.2021 година Комунална Хигиена Скопје беше домаќин на делегацијата од Република Србија предводена од Генералниот Директор на ЈКП Врање г. Зоран Димитријевиќ и Извршниот директор на ЈКП Комрад Врање г. Нела Цветковиќ, информираат од Јавното претпријатие “Комунална хигиена” – Скопје.
– Јавното претпријатие “Комунална хигиена” – Скопје ги презентираше досегашните резултати од проектот “Подобрување и заштита на здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на ризикот од загадување преку ефикасно управување со отпад”.
Како што истакна директорката на ЈП “Комунална хигиена”, Косана Мазнева Николиќ, проектот е поддржан од Европската унија, во рамки на прекуграничната соработка меѓу Македонија и Република Србија.
Директорката на „Комунална хигиена“-Скопје Косана Мазнева-Николиќ истакна дека ЈП “Комунална хигиена” како еден од ко-апликантите на проектот има исчистено над 30 диви депонии , спроведени се 14 обуки за подигање на свеста за соодветно сепарирање на отпадот и подигање на нивото на индивидуалната одговорност за животната средина, набавени се 209 надземни контејнери, реализирана е едукативна посета во Љубљана.
Во проектот покрај ЈП “Комунална хигиена” – Скопје учествуваат и ЈКП Петровец и ЈКП Зелениково, додека од Република Србија учесник е ЈКП “Комрад Врање”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…
Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…