ЈП Лајка и ЗОО Скопје оваа сабота ве покануваат на хуманитарен базар

t

ЈП Лајка и ЗОО-Скопје ве покануваат оваа сабота, 16.04.2022 на ХУМАНИТАРЕН БАЗАР за кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка. Хуманитарниот базар е дел од кампањата “Милениците се наше семејство,не ги напуштајте!”, која успешно се спроведува преку различни активности и настани изминатите неколку месеци.

На овој хуманитарен базар со свои ракотворби може да се пријават сите хумани граѓани, активисти и љубители на животни, деца и млади креативци, пријатели и поддржувачи на ЈП Лајка.

Доколку сакате да придонесете за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и сакате да се пријавите со свои уметнички ракотворби испратите меил на [email protected]. Повикот за учесници трае до петок.

Се гледаме во Зоолошката градина во сабота од 11:00 до 15:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…

Владата ја продава иднината под превезот на…

Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…

Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…

Европската комисија контактирала со Министерството за образование…

Жељазков: Европскиот совет строго ќе се придржува…

На почетокот на Европскиот совет, имав средба…

Косово привремено забрани увоз на овци и…

Привремено е забранет увозот во Косово на…