Јужна Осетија ја разгледува можноста за присоединување кон Руската Федерација
Отцепената и самопрогласена „независна држава“, Јужна Осетија ја разгледува можноста да стане дел од Русија со претставници од Москва, објави во неделата руската новинска агенција РИА Новости.
Лидерот на Јужна Осетија, поддржан од Русија, Алан Гаглоев, минатата година изрази надеж дека регионот може формално да биде инкорпориран во Русија. Речиси целото население на Јужна Осетија има руски пасоши. Тие ја користат руската рубља како валута и економијата е зависна од Русија.
Јужна Осетија се отцепи од Грузија во војната 1991-1992 година во која загинаа неколку илјади луѓе и одржува блиски врски со соседниот руски регион Северна Осетија.
Во двата региона доминираат кавкаски Осети, кои имаат свој јазик поврзан со фарси (персиски јазик).
Русија ја призна Јужна Осетија и уште еден отцепен регион од Грузија, Абхазија, како независни држави во 2008 година, откако руските сили го одбија грузискиот обид да ја вратат Јужна Осетија во петдневната војна во 2008 година.
Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија, исто така ги признаваат Осетија и Абхазија за како независни држави.
Западот ја обвини Русија за анексија на Абхазија и Јужна Осетија, кои сочинуваат една петтина од грузиската територија, а Тбилиси ги сака двата региони назад.
– Кога ќе дојдеме до оваа идеја заедно со Руската Федерација ќе го направиме тоа – изјави Алан Алборов, претседател на парламентот на Јужна Осетија, на прашањето за можноста за одржување референдум за пристапување на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…
Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…