Љубовен скандал го потресе италијанското Министерство за култура: Министерот се обидел да ја вработи својата љубовница
Џенаро Санџулијано, италијанскиот министер за култура, во интервју за РАИ призна дека се обидел да ја вработи својата љубовница Марија Розарија Бочија во својот тим.
Тој со солзи во очите призна што се обидел да направи и откри дека ѝ ја понудил својата оставка на премиерката Џорџа Мелони, но таа ја одбила.
Скандалот изби кога Бочија, инфлуенсерка со повеќе од 60 илјади следачи на Инстаграм, објави дека станала советничка на министерот за култура. Министерството веднаш го негираше ова, но таа потоа објави фотографии и видеа од службени патувања.
Министерот, кој е во брак, призна дека ѝ понудил работа на Бочија, но подоцна ја повлекол понудата по совет дека би можело да настане судир на интереси поради нивната „лична, сентиментална“ врска.
Тој низ солзи ѝ се извини на својата сопруга, но и на премиерката Мелони за срамот што го предизвикал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп се закани дека ќе ги повлече…
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше…
Земјотрес во Македонија
Слаб земјотрес со јачина од 2,4 степени…
Таткото на Вања ослободен од обвинение
Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски…
Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и…
Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко…
Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се…
Во рамки на теренските активности, претседателот на…