Љутков по реакциите од јавноста, ќе ја посети меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во с. Слоештица

t

Министерот за култура и туризам по реакциите од јавноста најави дека на 18 август ќе ја посети меморијалната поставка на Петре М. Андреевски

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со текстот што професорот Венко Андоновски го објави на социјалните мрежи: Едикојси против Петрета Андреевски или „Еј бре кој си ти против Петрета да бидиш?! “, на својот фб профил најави дека на 18 август ќе ја посети меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. , пишува во соопштенето на Министерството за култура и туризам

Тој порача дека таму оди не само како поединец, туку како глас на сите оние што не се согласуваат културното наследство да се заборава, запоставува и распаѓа.

„На 18 август ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност – Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. Одам не само како поединец, туку како глас на сите оние што не се согласуваат културното наследство да се заборава, запоставува и распаѓа.

Сакам со свои очи да видам во каква состојба се наоѓа просторот што треба да биде светилиште на македонскиот дух и збор.

Иако оваа поставка формално не е под ингеренции на Министерството за култура, како министер чувствувам одговорност да реагирам и да делувам – затоа што кога станува збор за великан како Петре М. Андреевски, културната должност е над административните граници.

За жал, морам да истакнам дека до овој момент, до мене како министер за култура не е пристигнато никакво официјално обраќање или известување во врска со условите во кои се наоѓа оваа поставка. Оваа информација за првпат ја добив преку социјалните мрежи. Тоа зборува за погрешна комуникациска практика која мора да се надмине – институциите постојат токму за ваквите прашања.

Истовремено, ја информирам јавноста дека Министерството за култура презема обврска да обезбеди траен, соодветен и институционално признат простор за презентација на ликот и делото на Петре М. Андреевски во рамки на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје.

Овој простор ќе овозможи достоинствена поставка на ракописи, лични предмети и архивски материјали на Андреевски, пристапност за истражувачи, студенти и граѓани и институционална грижа и заштита на неговото културно наследство.

Верувам дека ова не е само чин на оддавање почит, туку и исправување на долгот кој македонската култура го има кон еден од своите највеличествени творци.

Петре М. Андреевски не е само писател. Тој е дел од духовниот темел на нашата држава. Неговото дело мора да биде зачувано таму каде што му е местото, во срцето на нашата културна меморија“, стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Културата е официјално деградирана

Културата е официјално деградирана, реагираат од политичката…

Најдоски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во културата, на…

Прес-конференција, Мирче Најдоски, претседател на Комисија за…

Нема плати ни во Министерството за култура:…

17ти април, два дена после законскиот рок…

Синдикатот на култура излегува на протести!

Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…

„На Љутков приоритет му е да го…

Синдикатот на вработените во Македонската филхармонија е…