Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година

t

До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан тендер за реконструкција на салата и градежните работи да почнат откако ќе заврши тендерската постапка односно кон крајот на септември.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките и дека се завршени сите процеси што биле наследени од претходно. Министерството за култура и туризам е инвеститор, но установата останува во сопственост на Град Скопје.

-До крајот на оваа недела ќе биде распишана јавна набавка, процесот трае севкупно 60 дена и потоа почнуваме со изградба на Универзална сала. Се надевам дека до крајот на септември ќе можеме да ги отвориме понудите и да почнеме со процесот на реконструкција. Во динамиката што ја имаме определено во буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година. Одвоени се околу 20 милиони евра, распределени во три години, информираше Љутков.

Со тој план објектот ќе биде отворен за настаните што ќе се одржуваат во рамки на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

На средба со новинарите Љутков кажа дека на седница на Влада ќе се одлучи за поддршката – во пари и со простор и ресурси од Министерството за култура и туризам во овој проект што го води Град Скопје и за кој е обврзан да инвестира 25 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Го враќаме сјајот на Работнички, се…

Општина Центар информира дека реконструкцијата на спортската…

НБА вода да носи: Максо дал 10…

Десет милиони денари потрошил кумановскиот градоначалник Максим…

СДСМ: Лагите на Љутков се параван на…

Лагите на актерот Љутков и ДПМНЕ се…

(Фото) Скандал: Салата Парк во Струмица е…

До редакцијата на Инфомакс стигнаа фотографии и…