Њујорк Тајмс: Израел постигна сè што можеше воено против Хамас во Газа
Израел постигна воено сè што може против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во состојба повторно да планира или изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк Тајмс.
Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека мора да се постигне договор за да се обезбеди ослободување на преостанатите 115 заложници од Газа, и живи и мртви, пишува Тајмс оф Израел.
-Израел беше во можност да го попречи Хамас, да убие голем број нивни водачи и во голема мера да ја намали заканата што постоеше пред 7 октомври, изјави за Тајмс поранешниот шеф на американскиот ЦЕНТКОМ, генералот Џозеф Л. Вотел.
Поранешниот висок функционер на ЦИА кој служел на Блискиот Исток, Ралф Гоф, рече дека Хамас во голема мера е исцрпен, но не и уништен, и дека Израелците можеби никогаш нема да можат целосно да ја уништат групата.
Пензионираниот израелски армиски генерал Јаков Амидрор не се согласува со ставот на функционерот и изјави за весникот дека Израел сепак мора да напредува во Газа.
-Ако Израел ги евакуира своите сили сега, за една година Хамас повторно ќе биде силен, тврди тој, додавајќи дека на армијата и се потребни уште два или три месеци во централниот и јужниот дел на Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Имав пријатен разговор со премиерот на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската…
(Видео) Да не го кара Трамп: Погледнете…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше забележан…
Божиновска: Не сме се откажале од проектот…
Не сме се откажале од ништо што…
Трамп се закани дека ќе ги повлече…
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше…
Земјотрес во Македонија
Слаб земјотрес со јачина од 2,4 степени…