Објавено на:

Њујорк тајмс: Ханије е убиен од бомба прошверцувана во резиденцијата, одговорен е Израел

t

Лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханије е убиен во средата наутро со „софистицирана бомба на далечинско управување“ прошверцувана во резиденцијата во Техеран каде што престојувал, а не со ракета, како што беше претходно објавено, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои двајца Иранци и еден Американец, бомбата била прошверцувана во зградата на Иранската револуционерна гарда во Техеран пред два месеца.

Нема официјален коментар од Израел за убиството на Ханије.

Американскиот весник цитира официјални лица од Блискиот Исток дека израелското разузнавање ги информирало САД и другите западни влади за деталите од операцијата веднаш по нејзиното завршување.

-Некои американски официјални лица кои побараа да останат анонимни заклучија дека Израел е одговорен за убиството, пишува Њујорк Тајмс.

Ханије во вторникот пристигна во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…