ЌЕ АПСАТ, ЌЕ КАЗНУВААТ, ЌЕ ЗАПЛЕНУВААТ ВОЗИЛА: Во најава е закон за комунална полиција и соработка меѓу ЗЕЛС и МВР
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи.
Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон.
– Размислуваме за закон за комунална полиција. Одредена работна група од ЗЕЛС работи на истото во соработка со МВР. Секако дека ќе треба во наредниот период и јавноста да го види, да се запознае со истиот. Но, мислам дека и конечно донесување на еден таков закон за комунална полиција е нешто што е од сериозна потреба за нашата земја – рече тој.
Според градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пак, постојните проблеми во град Скопје нема да се решат доколку не се донесе закон за комунална инспекција.
– Нема да ги решиме проблемите ако не го донесеме законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластувања, да легитимираат, да казнуваат, да приведуваат, да побараат притвор и физички да неутрализираат – посочи тој.
Дополнително, во врска со подобрување на состојбите, рече дека и цените за сервисирање на услугите на граѓаните мора да се зголемат согласно промените на трошоците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа на експресниот пат Штип –…
Попладнево четири возила, од кои три патнички…
(Видео) Врховниот командант на армијата до Зеленски:…
Украинскиот врховен командант Олександр Сирски тврди дека…
Иџет Мемети се спогоди со Обвинителството
По спроведената постапка, а пред поднесување на…
Фрчат казни за непочитување на препораките од…
Државните инспектори за труд издадоа 16 решенија…
ВО ПЕТОК И ВО САБОТА ЌЕ СЕ…
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци…