Објавено на:

Ќе биде жешко: Украина најавува контраофанзива на пролет

t

Вооружените сили на Украина ќе бидат подготвени напролет да почнат контраофанзива против руската армија, која окупираше големи делови од државата, изјави денеска заменик-шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Вадим Скибицки. Целта на контраофанзивата е заземање на окупираната територија.

Точното време зависи од неколку фактори, вклучително и пратките на западно оружје, кое игра многу важна улога во одбраната на Украина од руските напаѓачи, изјави Скибицки за германската медиумска компанија Funke Mediengruppe.

Повеќе од една година откако Русија ја започна својата инвазија на соседна Украина, Скибицки повтори дека целта на Киев е да ја ослободи целата украинска територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Ќе запреме само кога ќе ја вратиме нашата земја на (меѓународно признатите) граници од 1991 година. Тоа е нашата порака до Русија и меѓународната заедница, рече тој.

Скибицки опиша дека Киев има намера да ги постигне своите „стратешки воени цели“ со пробивање на линијата на фронтот на југ, меѓу Крим и Русија.

Можно е да уништиме и магацини со оружје или воена опрема на руска територија, на пример околу градот Белгород, од каде се започнуваат нападите врз Украина. Ова претставува закана за (украинскиот град) Харков, на пример, додава тој.

Русија ја почна својата инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година. Според официјалните проценки, досега се убиени најмалку 8.000 цивили, а повеќе од 13.000 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…