Ќе биде затворен и дел од патот Кичево-Охрид: Посебен режим на сообраќај за време на посетата на Орбан
Во врска со претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај упати известување до сопствениците на патнички и други моторни возила дека треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“.
Во текот на утрешниот ден и задутре на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, долж булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид – Св.Наум.
Безбедносни мерки во сообраќајот задутре ќе бидат преземени и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.
Од СВР – Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои на посочените сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали режимот почна уште пред да се…
Типот на работење на Талат Џафери вие…
Пренасочување на сообраќајот кај Кривогаштани и Мало…
ЦУК: планирано е пренасочување на сообраќајот кај…
СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…
Груевски: Што им изгради, реновира и набави…
ШТО ИМ ИЗГРАДИ, РЕНОВИРА И НАБАВИ “РЕЖИМОТ”,…
Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…