Ќе биде интересно: Лидерот на Доњецк му предложил соработка на Ким Јонг Ун
Лидерот на прорускиот сепаратистички регион Доњецк во источна Украина му испратил порака на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
„Северна Кореја и Република Доњецк би можеле да постигнат корисна билатерална соработка во согласност со интересите на нашите народи”, ја објави денеска изјавата на Пушилин севернокорејската централна новинска агенција, без притоа да биде соопштено дали Ким Џонг-ил му одговорил на Пушилин.
Северна Кореја наводно размислува да испрати работници на проекти за реконструкција во регионите на Украина што се под руска окупација.
Северна Кореја минатиот месец ја призна независноста на Доњецк, како и на Луганск, другиот проруски сепаратистички регион во источна Украина. Тоа го принуди Киев да ги прекине дипломатските врски со Пјонгјанг.
Постојат индиции дека Северна Кореја ги преиспитува плановите да испрати работници на проекти за реконструкција во Луганск и Доњецк, што би можело да и помогне на нејзината економија. Тоа е спротивно санкциите што Советот за безбедност на ОН ги воведе против Северна Кореја поради нејзините програми за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…
Не се согласувам со вашата констатација дека…
Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без ,,Северна“
На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…
Името „северна“ Македонија го има пет пати…
Во поднесокот на имињата на новите министри…
Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…
Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…
САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…