Ќе блокираат автопати и гранични премини: Грчките земјоделци на протест во Атина
Засилување на активностите односно блокирање на патишта, автопати и гранични премини, како и одржување голем протест во Атина следната седмица, одлучија грчките земјоделци на состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, на состанокот присуствувале 55 блокови на земјоделци и 70 федерации, кои ги повикале нивните колеги од утре масовно да учествуваат во активностите, а одлучиле: блокади и затворања со трактори на автопатите и локалните патишта и на граничните премини, протести низ градовите и централен протест следната недела во Атина со трактори.
Земјоделците изразиле незадоволство од досегашните мерки на Владата, како и оние кои грчкиот премиер го соопшти во петокот и бараат:намалување на трошоците за производство, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите.
Владиниот портпарол Павлос Маринакис во интервју за радио порача дека „вратата од кабинетот на премиерот е секогаш отворена за средба со земјоделците“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…