Ќе гори на реваншот: Реми за Шкупи со Динамо Загреб!
Македонскиот фудбалски првак Шкупи одигра допадлив натпревар на „Максимир“ и со реми се враќа од гостувањето кај Динамо Загреб (2-2) кој важи за еден од најдобрите клубови на Балканот, па така, реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите во Скопје ќе биде супер-возбудлив.
Гоце Седлоски се одлучи на терен да го извади најдобриот тим со кој Шкупи располага, но чаирчани беа подефанзивно ориентирани на стартот и беа фокусирани на игра на сопствената половина. На спротивната страна, Чачиќ тргна без Орсиќ, се одлучи за нешто погуст среден ред за да ги спречи контрите на „гулабите“, исто на клупата го остави и Стефан Ристовски кој доби удар во ногата на последната лигашка средба.
Натпреварот на „Максимир“ почна доста мирно, првиот обид за домашните беше во 10. минута кога Адеми доби можност да шутира од шеснаесетникот, но само над пречката од голот. Првите проблеми за Чачиќ настанаа во 15. минута кога се повреди Јосип Шутало. Најскапиот играч на „модрите“ не можеше да продолжи и на негово место влезе Кевин Теофил. Доста мачна беше играта на хрватскиот првак, затоа што беше без шут во рамка на голот скоро триесет минути.
А, тоа скапо го плати. Се играше 26. минута кога Фреди Алварез испрати прекрасна длабочинска топка кон Бразилецот Кевен, тој ја прими, стоперите на хрватскиот тим се судрија и играчот на Шкупи успеа да ја смести топката во мрежата на Ливаковиќ (0-1). Голема беше радоста кај македонскиот тим, но траеше до финишот на првиот дел кога од првата сериозна шанса Динамо дојде до израмнување (1-1), благодарение на Аријан Адеми кој со глава и со помош на земјата го изненади капитенот Кристијан Наумовски.
На стартот на вториот дел Динамо беше поактивен. Љубичиќ имаше добра можност, но не успеа, потоа и Дрмиќ беше краток да ја смести топката во мрежата на чаирчани со лизгачки старт, а на спротивната страна пред голот на хрватскиот првак, Адетунџи имаше добра можност откако шутираше со послабата нога, но само во рацете на голманот. Оттогаш, Динамо правеше притисок, но немаше реализација. Најдобрата можност за гол ја имаше Иванушец во 80. минута кога промаши 100% шанса за гол. Во 72. минута Адеми бараше и пенал, ама доби жолт за симулација.
Голот за прва предност на натпреварот Динамо Загреб го постигна во 86. минута. По една допга акција, Оршиќ со глава спушти топка до Адеми, тој тргна да шутира, ама топката се одби до Петковиќ и тој реагираше според планот (2-1). Но, радоста траеше кратко, затоа што во 89. минута голманот Ливаковиќ влезе несигурно при една топка, а тоа го искористи „џокерот“ од Јамајка, Реналдо Цефас, кој со елегантен шут лобува за конечни 2-2.
Реваншот меѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра на 26 јули од 21:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанскиот репрезентативец Jамал стана најмладиот стрелец…
Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…
Англија прва, Данска и Словенија без победа…
Англија со една победа, Данска и Словенија…
Маж се поли со бензин и се…
Маж се поли со бензин и се…
Лоциран е авионот кој се урна во…
Пожарникарите го пронајдоа авионот што денеска се…
Се урна авион во близина на Загреб
Авион се урнал во саботата попладне во…