Ќе допре ли гласот за наместениот тендер во МВР до Јавното обвинителство?
Соопштение за јавност
Панче Тошковски призна скандалозен тендер во МВР кој го додели и уште едно признание за системска корупција во МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ.
Како не е спорно тоа што една од фирмите која добила дел тендер вреден 4 милиони евра државни пари, е основана само 20 дена пред распишување на тендерот?
Од каде знаела дека ќе има тендер, баш тогаш да отворат фирма?
Како баш таа фирма, формирана непосредно пред објавата на тендерот, ги исполнила сите барања? Од каде однапред ги знаела условите?
Ова е уште една потврда дека тендерот бил наменски доделен и однапред договорен.
Како е можно Тошковски да се фокусирал на „квалитет“ на понудата како што вели, без искуството, капацитетите и историјата на фирмите?
Како една фирма ќе понуди квалитет без искуство и капацитет?
Како е можно фирма која дотогаш не постоела, една недела пред распишување на тендерот да достави мостри за квалитет?
Ова не е изолиран случај – ова е организиран систем на злоупотреби, криминал и коруцпија.
СДСМ бара итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари и поништување на скандалозниот тендер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…