Ќе има ли кворум? По вчерашниот “амин” од Комисија, денеска протоколите за пристапување на Финска и Шведска во НАТО на пленарна седница
Собранието денес со почеток во 12 часот, ќе ја одржи 82. седница, на чиј дневен ред, меѓу другите, се точките за ратификација на протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО.
На оваа седница, пратениците ќе се изјаснат за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска и за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска, што Владата ги достави во Собранието.
На 82. седница на Собранието се поканети претставници на дипломатскиот кор во земјава, членовите на Владата и претседателот Пендаровски.
По НАТО-самитот во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатион месец, на 5 јули 2022 година овластени претставници на 30 држави-членки на НАТО во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска.
Собранието на Република Македонија, која официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022 година, првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…